Сер Алекс Фергусин е еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот. Од 1986 до 2013 година тој го водеше тимот на Манчестер Јунајтед во 1320 натпревари. Секако, тој заработи многу пари во својата долга и успешна кариера, но се чини дека истото го прави и во пензија.
Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека денеска 80-годишниот Шкотланѓанец, кој девет години е во пензија, заработува 235 илјади фунти неделно. Велат дека според деловните книги, инвестициите и парите што ги добива како амбасадор на клубот од Манчестер, Фергусон има приходи како се уште да е дел од Премиер лигата.
„Сан“ објави дека вредноста на компаниите на Фергусон пораснала на 40 милиони фунти. Според нив, тој само минатата година заработил 12,2 милиони фунти. Британските медиуми ги објавија бројките на компанијата ACF Sports Promotions, која ја води легендарниот тренер, чија вредност на имотот во 2021 година се зголеми од 17,5 на 26 милиони фунти.
Вредноста на неговите инвестиции исто така порасна од 27 милиони на 39,2 милиони фунти, додека средствата во други компании скокнаа од 3,7 на 13,2 милиони фунти, пишува The Sun, додавајќи дека Фергусон заработил и од продажба на автобиографски книги и држење мотивациони говори.
Многупати е кажано дека е успешен во коњичките трки. Неговиот коњ Clan Des Obeaux, за кој пишува The Guardian, победи на трката во Ливерпул. Според британските медиуми, ова е најдобриот коњ кој Фергусон го имал во речиси 25 години занимавање со оваа дејност.