Канадските Формула 1 возачи Ленс Строл (Астон Мартин) и Николас Латифи (Вилијамс) жестоко се судрија во првиот круг од квалификациите за Големата награда на Австралија. По судирот, ниту еден возач не можеше да продолжи со квалификациите поради оштетување на автомобилот.
Латифи најпрво ја намали брзината и го пушти Строл да го заобиколи во кривина бидејќи има сино знаме, што значи дека мора да го пропушти автомобилот зад него. Но, тој потоа забележа и дека Строл оди многу бавно и се обиде да го заобиколи од десната страна, а токму во тој момент Строл сврте десно и го удри Латифи.
Ниту едниот ниту другиот не можеа да сфатат што се случило и секој го обвинуваше другиот. Строл беше особено лут кога разговараше со својот тим. “Што к.р прави Латифи, ме удри!” рече тој преку радио. Латифи одговорил: „Не разбирам што прави, не се гледа во ретровизорите. Ебениот автомобил е уништен!“
https://twitter.com/F1/status/1512708895864758272?s=20&t=uTAI51rdZMh_YNJF5wBt3g https://twitter.com/TSN_Sports/status/1512677916819263489?s=20&t=K7CB8Ah8tE89yiFOJ-CP2Q