Тирана се надеваше дека предноста на домашниот терен ќе ја искористи за да дојде до пресврт во двомечот откако во првиот дуел загубија со 0-1, но доживеаа шок во воведната третина од вториот дел, откако Бојиќ и Синани во 49-та и 60-та минута погодија двапати во мрежата на албанскиот шампион, па невозможен стана предизвикот да се стигне до второ коло.
Тирана само успеа да намали во мечот преку Шиша на 12 минути пред крајот и да се збогува од борбата во квалификациите за ЛШ.
Летонска РФС, азербејџански Карабах, кој го здроби полски Лех со 5-1, Жалгирис, Шамрок Роверс и Шериф Тираспол, кој со смешен автогол на Зрињски победи се другите патници покрај Шкупи во второто коло во овие квалификации за ЛШ.