Горан Пандев е еден од најдобрите 20 фудбалери според офанзивниот ефект во Серија А во 21. век. Тој е најдобриот во Македонија на сите времиња, но дефинитивно е Гранде и на Апенините. Потврда за тоа е вкупниот ефект од 150 погодоци и асистенции кои ги има остварено во италијанскиот шампионат.
Од тие 150, Горан Пандев има постигнато 101 гол, а зад негово име се забележани и 49 асистенции.
На првото место на оваа листа е Франческо Тоти со директно учество во 328 голови на 444 настапи (207 голови, 121 асистенции). На второто место е Антонио Ди Натале (281), а треторангиран е Фабио Квалјарела (230).
Горан Пандев се наоѓа на 18.место, а зад него е Пауло Дибала.