Натпреварот беше изедначен во првото полувреме, а гостите од Париз делуваа нервозно што резултира со четири жолти картони и со директно исклучување на Бералдо поради остар старт. Тоа, сепак, не ги спречи „светците“ да дојдат до трите бода, бидејќи и со минус играч делуваа исклучително опасно во контранападите. Витиња уште во 53. минута ја погоди мрежата на домаќинот, додека Гонсало Рамос во 85. минута го удвои водството.
ПСЖ останува убедливо прв на табелата со 62 бода, дури 12 повеќе од второпласираниот Брест, додека Марсеј е седми со три бода помалку од Ленс, кој е на последната позиција што води во Европа следната сезона.