Интер се врати на минус 15 бодови во однос на лидерот Наполи, но тешко го скрши Удинезе (3-1. Ерменецот, Мхитарјан на 20 минути пред крајот даде гол за да ја трасира победата, а Лаутаро Мартинез во 89-та ја завери победата како загревање за „нераѕурите“ за пресметка во ЛШ со Порто на „Џузепе Меаца“.
Холандскиот репрезентативен бек Дензел Думфрис спаси чист гол во контранападот на Удинезе преку Ајзак Саксес, триесетина секунди пред голот на Мхитарјан. Во противнападот, Ерменецот даде гол за триумф. Аргентинецот Лаутаро минута пред крајот стави печат на победата, откако минута претходно промаши зицер.
Интер поведе со гол од ниту една шанса, преку Белгиецот Ромелу Лукаку од пенал во 20-та минута, а Санди Ловриќ израмни две минути пред полувремето од првиот и единствен директен шут кон голот на Интер во првиот дел.
Марко Силвестри, голманот на Удинезе потоа блескаше во вториот дел со неколку извонредни интервенции за да спречи погодоци на „нераѕурите“, но не можеше да го сопре и ударот на Мхитарјан за да го спаси од пораз својот тим.
Интер ја запиша 15-та победа сезонава и сега има 47 бода од 23 меча, 15 помалку од Наполи на 15 кола до крајот на сезоната. За Удинезе ова беше седми пораз сезонава и четврти меч во низа без победа, па остана на 30-те бода на деветото место.