Реал Мадрид е елиминиран во четвртфиналето од Купот на шпанскиот крал.

Модриќ одигра еден од најлошите натпревари на оваа сезона, а хрватскиот репрезентативец натпреварот го започна со конфликт со домашните навивачи.

Модриќ во 41. секунда се бореше за една топка покрај аут-линијата. Тој не можеше да ја стигне топката, па реши да шутира кон трибините. Не ги удри навивачите, туку рекламата која ги дели трибините од теренот. Навивачите полудеа и скокнаа кон хрватскиот фудбалер, а од неговиот потег беше изненаден дури и дефанзивецот на Атлетик, Јуриј Берчиче.