Свеченото отворање на Зимските олимписки игри започнува денес во 13 часот. Македонија на Игрите во Пекинг ќе има 3 претставници Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада .
Олимписките игри можете да ги гледате на програмата на МТВ, а Еуроспорт ги има глобалните права за емитување.
Распоред на настапи на македонските спортисти:
– Ана Цветановска – Крос кантри – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).
– Ставре Јада – Крос кантри – дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).