Младиот НФЛ играч Хенри Рагс Трети, член на Лас Вегас Рајдерс, предизвика тешка сообраќајна несреќа која имаше фатални последици, бидејќи животот го загуби 23-годишна девојка.
Рагс бил под дејство на алкохол, а несреќата се случила со голема брзина. Ѕвездата на LV Raiders удри со својот автомобил во автомобил од спротивниот правец во кој се наоѓала девојката.
Рагс помина со полесни повреди, беше пренесен во болница, но по ова ќе биде строго казнет за беснеење на пат, возење под дејство на алкохол, а исто така и клубот ќе поведе и дисциплинска постапка и можна е суспензија и одземање на плата од актуелниот договор.
Роден е 1999 година и важи за голем потенцијал на овој спорт. Сепак, неговата кариера тргна во многу лош правец.