Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за финишот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар. Македонскиот национален тим го очекува гостување против Ерменија и дуел против Исланд на домашен терен.
Меѓу повиканите репрезентативци има еден дебитант, напаѓачот Ваљон Етеми од турскиот второлигаш Истанбулспор. Ги нема овојпат Аријан Адеми и Бобан Николов кои се повредени , голманот Дејан Илиев поради операција на менискусот исто така не е во комбинација , а во споредба со претходните списоци го нема и Никола Ѓорѓев од Грасхоперс поради мала минутажа во својот клуб .