Елиф Елмас ја дотолчи Атланта и погоди во завршницата одмечот на гостувањето во Бергамо за победа од 1:3.

Македонскиот интернационалец го постигна третиот сезонски погодок во Калчо Лигата. Неговата реализација пристигна по претрчан цел терен, за потврда на победата на тимот на Лучијано Спалети.

За Наполи претходно прецизно стрелаа Инсиње и Политано.

Наполи сега има 66 бода и се израмни со лидерот на табелата Милан.