Баерн Минхен ја оствари 21. победа во Бундес-лигата оваа сезона славејќи на гости против Фрајбург со 1-4. Сега баварскиот тим има девет бода предност на врвот на табелата во однос на Борусија Дортмунд.

Леон Горецка го доведе Баерн во водство во 58.минута, но израмни Петерсен само пет минути подоцна. Сепак, шампионот стигна до планираниот триумф со головите на Серж Гнабри во 73.минута и на Кингсли Коман во 82.минута од дуелот. Во судиското продолжение погоди и Сабицер.

Баер Леверкузен ја совлада Херта со 2-1, со головите на Аларио и на Белараби.

Бохум на гости славеше со 1-2 против Хофенхајм, а Ајнтрахт Франкфурт и Гројтер Фурт ремизира 1-1.