Фудбалерите на Интер го елиминираа Милан во полуфиналето од Купот на Италија, со победа од 3:0 во реваншот.
По 0:0 во првиот меч, „нероаѕурите“ ги совладаа „росонерите“ на „нивниот“ стадион „Џузепе Меаца“, со одлична партија на Лаутаро Мартинез.
Одличниот Аргентинец постигна два гола во првото полувреме – првиот во четвртота, а потоа и во 40. минута.
Точка на овој меч стави Робин Госенс во 82. минута, па Интер сега мирно го чека ривалот во финалето, а тоа ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Јувентус и Фиорентина.
Најубавиот гол на натпреварот беше првиот на Лаутаро кој искористи едно додавање од десната страна на Дармиан и со волеј ја заби топката во мрежата на Милан.
Во вториот тој убаво реагираше по една одлична контра на Интер и само ја „поткопа“ топката преку Мањан. Тој ја кзани пропуштената шанса на гостите само неколку моменти претходно.
Милан постигна гол , но беше поништен во средината на вториот дел, откако судијата гледаше ВАР.
Госенс лесно да ја смести топката во мрежата во 82. минута, по акцијата на Видал и Брозовиќ за конечни 3:0.
https://www.youtube.com/watch?v=Z6WQNN5x8sQ
Враќањето на Милан не беше реално, па Интер рутински го приведе натпреварот кон крајот и на тој начин се пласираше во финалето.