Во само три кола, норвешката машина за голови Ерлинг Халанд веќе дојде до вториот хет трик во Премиер лигата и вкупно има седум постигнати гола.
Откако се запиша во листата на стрелците еднаш на дуелот со Челси и три пати против Ипсвич минатата недела, норвешката гол-машина и вечерва постигна хет-трик во триумфот на Манчестер Сити на гости кај Вест Хем со 3-1. Со тоа стигна до вкупно 70 голови на 69 натпревари за Манчестер Сити во англиското првенство. Халанд го отвори резултатот во десеттата минута, а откако неговиот соиграч Дијас го израмни резултатот со автогол, Норвежанецот уште два пати ја погоди противничката мрежа, во 30. и 84. минута.
По три кола, Манчестер Сити има максимални девет бода, а единствен кој може да се израмни е Ливерпул, ако утре го совлада Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.