Највозбудливиот и неверојатно луд натпревар во Премиер лигата одиграа Евертон и Бормут.
Екипата на Евертон на неверојатен начин загуби од тимот на Бормут бидејќи се до 87. минута имаше предност од 2-0, а на крајот беше 2-3.
На стартот од второто полувреме, Евертон со головите на Кин и Калверт Луин поведе со 2-0 и таа предност беше актуелна се до завршницата кога прво Семено намали 2-1. По голот на Семено на сцена стапија Кук и Синестра во судиското продолжение за комплетен пресврт.
Астон Вила со 1-2 беше подобра од Лестер Сити на гостувањето на „Кинг Пауер“. Со головите на Андре Онана и Џон Дуран во 28 и 64 минута гостинот дојде до двојна предност. Поразот го ублажи Буонаноте, но Лестер неможеше да стори нештѕо повеќе.
Сигурна победа забележа Брентфорд во дуелот со Саутемптон (3-0). Голманот Ремсдејл немаше сјајно деби за „светците“ бидејќи на гостувањето кај Брентфорд прими три гола, двоен стрелец беше Мбеумо, а еднаш погоди Виса.
Нерешено 1-1 завршија дуелите меѓу Ипсвич и Фулам, како и оној меѓу Нотингем Форест и Вулверхемптон.