И покрај катастрофалната финансиска состојба и сето она што се случува во клубот последните три години, многумина ја отпишаа Барселона пред почетокот на сезоната.
По четири одиграни кола од Ла Лига, каталонскиот гигант, сепак, е единствен со максимален ефект, а особено беше импресивен триумф со 7-0 против Ваљадолид. Оваа победа е највисока за Барселона во пост-Меси ерата, односно откако најдобриот фудбалер во историјата во 2021 година си замина од Камп Ноу.
Последен пат, седум или повеќе голови Барселона постигнала на 2 септември 2018 година кога на домашен терен ја совлада Хуеска со 8-2.