Порто ремизираше против Лацио (2-2) во Рим, но славеше на првиот меч. Чиро Имобиле во 19.минута го отвори резултатот, но израмни Мехди Тареми од пенал во 31.минута, а Матеус Урибе се погрижи за пресврт. Сепак, Данило Каталди донесе израмнување во судиското продолжение.
Во следната рунда е и Аталанта која славеше со 0-3 на гости против Олимпијакос. Италијанскиот тим имаше предност и од првиот меч. Двоен стрелец беше Руслан Малиновски, а серијата голови ја отвори Јоаким Маеле.
Лајпциг со 1-3 го победи Реал Сосиедад на гости и оди понатаму, откако првиот меч заврши 2-2. Вили Орбан, Андре Силва и Емил Форсберг погодија за Лајпциг на овој дуел.