Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски постигна гол за Дебрецен во ремито (1-1) против Фехервар Мол, во првенството на Унгарија. Напаѓачот во 35.минута успеа да постигне гол со глава по корнерот од десната страна и во тој момент донесе предност за Дебрецен.
Мол Фехервар успеа да стигне до реми, а дефанзивецот Никола Серафимов остана на клупата за резервни фудбалери.
Младинскиот репрезентативец Марио Илиевски исто така беше стрелец на гол за Кишварда во ремито против Хонвед (1-1).