Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман откри дека бил објект на напад на гневни фанови, после елиминацијата од Виљареал во Лигата на шампиони.
Баварците на големо изненадување беа елиминирани во четвртфиналето, откако Виљареал со вкупни 1:2 беше подобар
„Добив 450 смртни закани на Инстаграм. Сакам да бидам шампион на Германија, а следната година да се справам подобро. Ако некои луѓе ме сакаат тоа треба да биде затоа што сум Нагелсман, а не затоа што сум тренер на Баерн. Ако не ме сакаат ОК, не треба на никој да докажувам ништо“, изјави Нагелсман, кој беше видно изнервиран на пресконференцијата.