Екипата на Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати е победник од драматичниот двомеч со Ал Наср на Роналдо во четвртфиналето од Азиската лига на шампиони.
Тимот предводен од Хернан Креспо славеше на пенали со 3-1, откако по 90 минути беше 3-2, а по 120 и 4-3 за претставникот од Саудиска Арабија. Поради тоа што првиот натпревар заврши со победа на Ал Аин со 1-0, се пристапи кон изведување пенали, а таму беше кошмар за домашниот тим.
https://twitter.com/i/status/1767295584267059670
https://twitter.com/i/status/1767303285378035810
Со ова пропадна уште една можност за Кристијано Роналдо да освои трофеј и во Лигата на шампионите. Далеку од такво нешто е и во домашното првенство каде неговиот Ал Наср заостанува 12 бода зад лидерот Ал Хилал. Иако го постигна голот за 4-3 што значеше изведување пенали, Роналдо одигра исклучително лош натпревар и е еден од винновниците за елиминацијата на Ал Наср.
https://twitter.com/i/status/1767313437166580076https://twitter.com/i/status/1767312117760229707
Брозовиќ прв шутираше пенал, но голманот на Ал-Аин го одбрани неговиот удар. Рахими беше посигурен за 1-0 за Ал-Аин. Алекс Телес го имаше вториот удар за Ал-Наср и тој ја погоди гредата.
Гостите ја искористија таа грешка и зголемија на 2-0.
Потоа Роналдо го изведе пеналот, но беше сигурен, со малку среќа. Ал-Аин го искористи и третиот пенал. Потоа Отавио промаши и сѐ беше готово. Така Ал-Наср е елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите.