Екипата на римски Лацио игра доста лошо во последно време, а тоа го искористи и Удинезе кој успеа да триумфира на „Олимпико“ со 2-1 во дуелот од 28. коло во Серија А.
Ова за лацијалите беше трет пораз во низа во Калчото, четврти на последните пет средби што јасно говори за формата на избраниците на Сари.
Трите гола на вчерашната пресметка паднаа во второто полувреме, Лука во 47 минута ги донесе гостите во водство.
Лацио брзо се врати во игра со автоголот на Џанети во 49 минута, но веќе во 51 -та беше 2-1 за „зебрите“ благодарение на Зарага.
До крајот немаше голови па гостите се враќаат со големи три бодови од Рим. Еден црвен картон во редовите на Удинезе заработи Перез.