Вероватно е постигнат голот на сезоната во македонскиот фудбал. И натпреварите од пониските домашни фудбалски натпреварувања се мошне интересни и нудат посебни моменти, а доказ за тоа е маестралниот гол кој Стефан Костовски го постигна за екипата на Росоман во пресметката со Големо Коњари.
Ова беше дуел од третата македонска лига на која домаќините славеа со 3-1, натпревар кој беше одбележан со голот на Костовски кој погоди од половина терен.