Рубен Невеш се договорил со Барса за трансфер летово, но доаѓањето од Вулверхемптон во Каталонија ќе остане засега на „стенд бај“ додека петкратниот европски првак не го ослободи буџетот и не прикаже приходи од трансфери до 150 милиони евра.

Трансферот на Невеш, според каталонски „РАЦ 1“ и новинарот Феран Кореас е завршен после неколкумесечни преговори со менаџерот на Португалецот Жорге Мендеш и тој сега за да се официјализира ќе зависи од продажбата на младиот суперталент Ансу Фати, чија кариера е во стагнација, а исто така менаџер му е Мендеш.

Првично многу лесно требало да се заврши сѐ, ама Фати одбил да оди во Премиерлигата и поради таа одлука, сега Мендеш му бара друга дестинација за Барса да заработи од трансферот, а потоа да го искористи моментот за регистрација на Невеш.

Португалскиот фудбалер за врска треба да ја пополни позицијата на Серхио Бускец кој по 15 години си заминува од Барселона, а и Франк Кеси ќе биде продаден после само една година откако бесплатно дојде од Милан. Невеш е репрезентативец на Португалија од 2015 година, а преку Порто во 2017 година дојде во Вулверхемптон за 16 милиони евра и во англиската Премиерлига одигра 250 меча и даде 30 гола.