Фудбалерите на Севиља им приредија уште една непријатна вечер на своите навивачи со ремито против последнопласираната Алмерија (2-2) во 28. коло на шпанската Примера.
Публиката присуствуваше на интересен и возбудлив натпревар, а вистинската „експлозија“ се случи во последните десетина минути. Алмерија водеше со 1-0 по првите 45 минути, но драмата започна во 81. минута, кога Севиља израмни на 1-1 преку Лукебакио.
Гостите од Севиља тргнаа во посилна офанзива и набргу успеаја да дојдат и до пресврт, а стрелец беше Лукас Окампос, само пет минути подоцна. Домашните навивачи останаа во неверување од случките на теренот, но сепак Алмерија се врати во игра и изедначи на 2-2 во 95. минута преку Србинот Марко Миловановиќ. Домашниот тим заслужи барем еден бод против далеку пославниот противник и се чини дека ремито на крајот беше реален епилог.
Севиља останува на 14. позиција со 30 бода, додека за „фенерџијата“ Алмерија ова беше само деветтиот сезонски бод.