Париз вечерва ќе биде домаќин на големото финале во Лигата на шампиони (ЛШ) во кое ќе се судрат два џинови Реал Мадрид и Ливерпул, но немаа среќа сите да дојдат во Франција за да го следат натпреварот.
Дел од навивачите на Ливерпул биле измамени од поддржувачите на градскиот ривал, кои „организирале“ патување до Париз, но на крајот тоа се покажало како голема лага, а исто така сопственикот на компанијата го нарекле Ричард Арлисон, по нивниот фудбалер Ришарлисон.
„Требаше да нè земат во 4 часот, а сега е 10.30 и сè уште нема ништо. Патувањето до Париз ни е уништено и се враќаме дома“, се пожали еден од навивачите.