Судбината на Пјер-Емерик Обамјенг во Арсенал е запечатена. Тој повеќе нема да игра за клубот во кој до скоро беше капитен.
Менаџерот Микел Артета го исфрли од тимот Габонецот поради недисциплина и веднаш беше ставен на трансфер-листа. Следна дестинација на Омабејанг може да биде Њукасл.
Овој клуб се обидува да ангажира што е можно повеќе ѕвезди во јануари за да обезбеди опстанок во Премиерлигата. Парите не се проблем, бидејќи „црно-белите“ под новата управа има огромен буџет.
Њукасл планира да го позајми Обамејанг до крајот на сезоната со што ќе ја плаќа неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно. „Црно-белите“ секако сакаат и откупна клаузула по завршувањето на полусезоната.
Интерес за Обамејанг има и од Италија поточно од тимовите на Интер и Јувентус.