Фудбалерите на Динамо Загреб се спасија од нов срам во домашното првенство, откако денес со голови во судиското надополнување ја совладаа Локомотива Загреб со 2-1.
Туци ѝ донесе предност на Локомотива уште во четвртата минута, по што гостинскиот тим успешно се бранеше од нападите на Динамо сè до 95. минута.
Прв во листата на стрелци во судиското надополнување се запиша Батурина, а две минути подоцна и Канеко за конечни 2-1.
На натпреварот играа и македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а со оваа победа Динамо скокна до третата позиција и има 22 бода, односно четири помалку од лидерот Риека.