Вирц во 36. минута го матира Атуболу за водство на „фармацевтите“ од 1-0, по што гостинскиот голман во 61. минута си постигна автогол за да ја зголеми предноста на домаќините.
Фрајбург не се предаде и набрзо погоди преку Гулде за 1-2, но гостите немаа сила и за втор погодок до крајот на натпреварот.
Леверкузен е прв на табелата со 25 освоени бодови, односно два повеќе од Баерн Минхен, додека Фрајбург е осми со 13 бода.