Столе Димитриевски голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, го најави мечот против Италија како најважниот во неговата кариера. Во интервју за „Марка“ тој потенцира дека Македонија е подготвена да направи чудо против европскиот првак Италија вечерва во Палермо.

„Победа против Италија за нас би била рамна на чудо, но веќе направивме една сензација против Германија. Италија е фаворит па ќе го го има притисокот, а ние сме спокојни и ќе си ја чекаме својата шанса. Македонија и ова што го стори досега е голем успех, но секако дека сега треба да бидеме најдобри. Ова е најважниот меч за мене во кариерата, чувствуваме поддршка од сите Македонци“, изјави Столе Димитриевски.

Дуелот меѓу Италија и Македонија во Палермо е закажан на 20.45 часот