Бабунски го постигна првиот гол во 27. минута за водство на Дебрецин, по што Хонвед преку Домингез и Лукиќ направи целосен пресврт до 54. минута.
Дебрецин преку Бабунски во 71. минута израмни на 2-2, а за пресврт и триумф стрелаше Манце во финишот од дуелот.
Македонскиот фудбалер со двата гола стигна до девет погодоци во унгарскиот шампионат, додека Дебрецин со победата скокна до четвртото место.
Головите од натпреварот може да се погледнат ТУКА.