Фудбалерите на Мајнц вечерва триумфираа на гости кај Баер Леверкузен со 3-2 во 21. коло од германската Бундеслига.
Леверкузен имаше шанса за водство во 23. минута, но Тапсоба не реализираше пенал, а потоа Цаци погоди за 1-0 на Мајнц.
Амири не дозволи гостите премногу да се радуваат, па во 32. минута изедначи за 1-1, меѓутоа Бареиро набрзо го врати Мајнц во предност (2-1.
„Фармацевтите“ повторно израмнија, преку Шик во 58. минута, но потоа Адли заработи црвен картон, а од пенал Ингвартсен во 82. минута погоди за конечни 3-2.
Мајнц со 29 бода се наоѓа на деветто место, додека два бодови помалку има Баер Леверекузен на 10. позиција.