Во последните години Црна Гора стана синоним за скандали и местење во фудбалот Но, она што го направија фудбалерите на Будва и Зета ја надминува скандалозната репутација.
Во бараж за пласман во втората лига на Црна Гора играа Ибар, Будва и поранешниот шампион Зета. Пред последното коло, Ибар можеше да остане без промоција во повисок пласман во случај на навидум невозможна комбинација – Будва и Зета да ремизираат со четири или повеќе гола и Будва да победи на пенали.
И токму тоа се случи – натпреварот заврши 3-3, а Будва победи со 4-2 по изведувањето на пеналите. Така двете екипи од овој натпревар отидоа во втората лига, а Ибар од Рожај остана во трета. Самиот развој на настаните на теренот во Будва беше комичен. Зета водеше со 3-0 до 32. минута, но потоа за само дваесет минути Будва израмни на 3-3. Потоа од 54. минута до крајот на натпреврот не се случи апсолутно ништо.
Погледнете го фудбалскиот циркус од Црна Гора, а обратете внимание на голот од 43. минута.
Според очекуваното сценарио следуваа пенали и победа на Будва.