Португалскиот ас Кристијано Роналдо нема намера да се пензионира и покрај фактот што веќе има 39 години, откако продолжи да руши нови рекорди, овој пат како најдобар стрелец во историјата на првенството на Саудиска Арабија.
Португалецот сезоната со Ал Наср ја заврши како втор на табелата, а на своето конто имаше дури 35 гола со 11 асистенции. Португалецот со ова го собори рекордот по бројот постигнати голови од еден фудбалер во текот на една сезона во Саудиска Арабија.
Роналдо постави и уште еден рекорд, а тоа е што стана првиот фудбалер во историјата кој бил најдобар стрелец во четири различни лиги. Претходно тоа го направи во Шпанија (три пати), Серија А и англиската Премиер лига.
„Јас не бркам рекорди, тие ме бркаат мене“, напиша „скромно“ Роналдо на Твитер.