Чави Хернандез е господин – се откажал од 12 милиони евра. Тој и официјално се раздели со Барселона, а каталонските медиуми пишуваат дека решил да се откаже од милиони евра.
Единствен услов на тренерот бил да се исплатат долговите кон неговиот стручен штаб, односно Барселона ќе треба да потроши околу три милиони евра.
Чави на последната прес-конференција кажа дека ова не е крајот на љубовта меѓу него и Барселона, туку сака еден ден повторно да се врати во тимот.