Манчестер сити има капитални 2-0 по првото полувреме на реваншот против Реал Мадрид, а двата гола беа дело на Португалецот Бернардо Силва, фудбалер кој е јунак на фановите на Сити, но и на Барселона.

Водечкиот гол за Сити се случи во 23. минута кога по асистенција од Де Брујне, Силва постигна гол за водство од 1-0.