Екипата на Магдебург после 19 години повторно ќе игра на фајнал-фор во ракометната ЛШ. Магдебург е првиот тим кој и официјално се пласираше на завршнот фајнал-фор турнир во ракометната Лига на шампиони.
Германците за победата од 30-28 над Висла Плоцк треба да му заблагодарат на Холанѓанецот Каи Смитс кој вечерва постигна дури 14 голови. Осум голови даде Дамгард, четири имаше Мајстер, па ова е триото кое е најзаслужно што Магдебург за првпат после 2004 година е полуфиналист во ЛШ.
Првиот натпревар во Полска заврши нерешено, а и вечерва беше тесно, но пресуди серијата од 3-0 по која домашните се одлепија на 29-26.