По неверојатниот пресврт Кјелце вторпат по ред ја совлада Барселона. Во натпреварот од 8. коло во Лигата на шампионите, екипата на Кјелце победи против шпанскиот гигант 29:27 (14:16).

Екипата на Барселона имаше водство на полувремето. И највисока разлика во второто полувреме од 27:23.

Но тука на сцена стапи голманот на домаќините Андреас Волф и поранешниот вардарец Алекс Душебаев.

Направија фуриозна серија од 6 голови во низа и со конечни 29:27 ја поразија Барса.

Најефикасен на натпреварот беше токму Душебаев, а Волф имаше 9 одбрани.

Standings provided by SofaScore LiveScore