Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија голем бод на гостувањето во Швајцарија откако со гол во последната секунда, Јосип Периќ ги постави конечните 28:28 откако во еден период негативата беше и осум гола.
Стартот на натпреварот одново беше катастрофален. Првиот гол тимот предводен од Жељко Бабиќ го постигна дури во 9. минута кога веќе негативата беше превисока – 5:0 за домашниот тим .
Она што беше пропуштено во првите 20 минути малку се надомести во продолжение од натпреварот. Грешките беа намалени, па беше одиграно подобро. Тоа резлтираше со намалување на негативата во финишот на полвремето , па на одмор се замина со 16:11
На почетокот на второто полувреме негативата одново се искачи до осум гола. Резултатот од 12:20 во 37. минута беше најава за нов пораз, но тука како да следуваше будење на ракометарите на тимот од Битола. Со серија од 4:0 за пет минути се дојде до 16:20 и се влезе одново во натпреварот.
Имаше време за да се фати целосен приклучок и да се направи обид да се дојде до шанса за добар резултат во финишот. На ова се надоврза и Кизиќ со некоја интервенција во моменти кога беше најпотребно. Во 49. минута се дојде до 20:22, а имаше напад и за еден гол негатива што не беше искористен.
Сепак, се влезе во интересна завршница. Негативата постојано беше два или три гола.
На две минути до крајот Хербургер беше исклучен, а тоа се случи при резултат 26:28. Тука Велковски искористи шанса и дојде до погодок за 27:28 и шанса за возбудлива завршница односно максимално интересни 100 секунди.
Во моменти кога нападот на Кадетен беше пред крај и топката требаше да им биде одземана, Танкоски не се одалечи доволно од играчите на противникот за да биде изведен ударот од девет метри, па го исклучија и Швајцарците добија нов напад. Сепак, после тајм-аутот во игра влезе играч повеќе и добија уште еден играч помалку и им беше одземана топката, па Еурофарм Пелистер доби шанса за напад за реми.
Јосип Периќ ја имаше улогата на спасител и после еден ваков дуел во кој Еурофарм Пелистер имаше осум негатива донесе голем бод, кој е рамен на победа за тимот од Битола. Конечните 28:28 се дефинитивно одлични бидејќи целиот натпревар беше одигран со постојана висока негатива.