Норвежаните на европското првенство во ракомет доцна се разбудија, но се простија со убедлива победа. Иако Шведска беше фаворит на вечерашното скандинавско дерби од групата 2, Норвешка славеше со 33-23 и на тој начин го заврши својот настап на Европското првенство.

 Швеѓаните беа фаворити, но за нив овој дуел немаше никакво резултатско значење, па впечаток е дека ги чуваа силите за полуфиналето во кое ќе играат против Франција. До завршницата на првото полувреме, тие го диктираа темпото, но на полувреме сепак Норвешка беше таа која водеше со 15-12. Во вториот дел шведската репрезентација тотално падна, па Норвешка го искористи тоа за да дојде до двоцифрена победа.

Блонз со 11 гола беше најефикасен кај Норвежаните, а Бјорнсен и Грондал додадоа по пет. Кај Шведска, најефикасен беше Сандел со четири гола.