Женската ракометна репрезентација на Македонија, денеска го одигра првиот пријателски натпревар против Б-составот на Норвешка и загуби со 27:26. Мечот беше од затворен тип.
Македонија подобро го отвори мечот и обезбеди предност на полувреме од три гола разлика (17:14). Сепак, во вториот дел Норвежанките успеаја да направат целосен пресврт за минимална победа.
Вториот контролен натпревар помеѓу овие две селекции во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе биде в сабота од 16.00 часот.