Шабан Зенку, стрелецот на еден од головите за У-19 репрезентацијата на Македонија во неодамнешната победа против Кипар (3-2), слободно може да влезе во Гинисовата книга на рекорди, со оглед што жолто-црвената селекција му беше трета за која настапи во само една година.
Фудбалерот роден во Кичево во 2004 година пред да прифати да го облече жолто-црвениот дрес играше за јуниорските репрезентации на Косово и на Албанија. Тој очигледно има дилеми за која репрезентација ќе игра, а со оглед на неговата возраст тој се уште е далеку од конечно решение.
Зенку настапува за младинскиот тим на Борусија Менхенгладбах, каде што е потенциран како голем талент и иднина на клубот.