Аргентинската ѕвезда Лионел Меси има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната и потоа ќе си замине од Париз. Францускиот клуб се обидува да го задржи уште една година во Париз, но тој веќе решил дека ќе замине како слободен играч и одбил да го продолжи договорот.
Наголемо се најавува негово враќање во Барселона. Тој исто така сака да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“. Неговото враќање во Барселона дополнително е мотивирано и по изјавата на потпретседателот на клубот и економски стручњак Едуардо Ромеу, кој рече дека финансиски ќе биде можно клубот да го исполни договорот на Меси следната сезона.
Меси игра одлично оваа сезона во дресот на ПСЖ. Тој постигна шест гола и забележа осум асистенции на 11 одиграни натпревари.