Каталонскиот гигант во најновата рунда ќе игра против Селта на гостувањето во Галиција, па обидувајќи се да ја искаже љубовта која ја чувствува кон клубот, поранешниот капитен се наврати и на играчките денови.
Чави се наврати на времето кога морал да вади пари од свој џеб за да остане да тренира во Барселона, се со јасна цел да триумфира во клубот кој најмногу го сака.
– Секогаш сум ја ставал Барселона пред се, отсекогаш сум сакал да бидам во Барса. Дадов пари од свој џеб за да останам во Барселона и да тренирам тука. Со 18 години, не сакав да чујам за понудата од Милан и останав тука.
– Таков сум роден и затоа и си одам по крајот на сезоната. Клубот го ставам пред себе како личност. Му реков на претседателот дека не треба да ми ја плати последната година од договорот, може да ги искористи тие средства за следниот тренер, – изјави Чави.