Барселона направи пресврт и си замина со цел плен од теренот на Леванте (2-3) во 31. коло од Примера. Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби шанса во завршницата од натпреварот.

По првото полувреме без голови, следуваа два пенали во корист на домашниот тим. Првиот го реализира Моралес. Потоа Роџер Марти не успеа да го добие дуелот со Тер Штенген и пропушти шанса да ја шокира каталонската екипа.

Казната пристигна во многу краток период. По една акција на Осман Дембеле израмнување обезбеди Обамејанг. Само четири минути подоцна Педри одново се запиша во листата на стрелци и направи целосен пресврт за тимот на Чави. Леванте не се откажа и доби шанса да избори егал. И тоа по нов пенал, овојпат по фаул на Клемен Ленгле. Стрелец на голот за 2-2 беше Мелеро во 83. минута од мечот. Се играше надополнувањето кога Лук де Јонг искористи една прилика за да му зададе нов удар на домаќинот и да донесе голема радост за Каталонците.

ideo
11:12 PM
You sent

Домашниот тим ќе има тешка задача до крајот на сезоната да се избори за опстанок, а Барса сега скокна на делба на втората позиција, со идентичен број бодови и натпревар помалку во однос на Севилја.