Поранешниот европски и англиски шампион Ливерпул доминираше во текот на натпреварот против Манчестер јунајтед, меѓутоа не успеа да го победи вечниот ривал (0-0) во дербито од 17. коло во Премиерлигата.
Екипата на Јирген Клоп ја контролираше играта во првото полувреме и се закани дури 15 пати кон голот на Онана, кој беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.
Притисокот кон голот на гостите од Манчестер сè повеќе се зголемуваше во второто полувреме, но Мохамед Салах и неговите колеги повторно не успеаја да постигнат гол, иако имаа неколку добри шанси при кои Онана имаше успешни интервенции.
Ливерпул е втор во Премиер лигата со 38 бодови, односно еден помалку од лидерот Арсенал, додека Манчестер јунајтед е на седмата позиција со 28 бода.