Русија е во шок откако медиумите објавија дека поранешниот фудбалер на Локомотива, Максим Артјомов скокнал од 17. кат на зграда, а неговото тело било пронајдено во близина на влезот.
Полицијата пристигнала на местото на несреќата и почнала истрага, а засега не се откриваат детали за тоа што се случило со 26-годишениот фудбалер, кој наводно скокнал од зградата.
Артјомов играл во академијата на Спартак Москва, а откако не успеал да направи посериозна професионална кариера, тој се посветил на аматерскиот фудбал.
Младиот Русин бил член на Локомотива од Москва, а последен клуб во кариерата му бил Олимпиец од Нижни Новород.