Фудбалерите на германскиот шампион Баерн Минхен славеа со 1:2 на гости кај Штутгарт во 23-то коло во Бундеслигата.
Со победата, баварците се израмнија со Борусија Дортмунд на лидерската позиција на табелата, двете екипи имаат по 49 бода, но шампионот има подобра гол разлика од милионерите.
Штутгарт остана на 15-та позиција со 19 освоени бодови во 23 натпревари, и до крајот на сезоната го очекува тешка борба за опстанок.
Баерн поведе со голот на Матијс де Лихт во 39-та минута, а во вториот дел Чупо-Мотинг во 62-та минута зголеми на 0:2.
Во самиот финиш од дуелот, Штутгарт преку Переа постигна гол, но немаше сили да постигне уште еден за да дојдат до реми, и да направат големо изненадување.