Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт кој сега работи како фудбалски критичар, полуде од среќа по третиот гол на топчиите во 97. минута против Борнмут, што значеше и триумф за Арсенал.
Арсенал кој после долги години се бори за титулата во Премиерлигата, одигра луд меч против Борнмут. Топчиите губеа со 0-2, направија уште полуд пресврт, победија со 3-2, со гол на резервистот Нелсон постигнат во 97. минута.
Веднаш после натпреварот се појавија видеа од Јан Рајт како му се израдува на голот на Нелсон. Постираше Гери Линекер, но објави и самиот Рајт. Победата очигледно многу му значеше.