Педро Родригез ќе стане првиот фудбалер по 50 години кој директно од Рома замина во својот градски ривал Лацио.
Педро ќе го раскине договорот со Рома откако стана јасно дека не е во плановите на новиот тренер Жозе Мурињо, тој дури и не е поканет на предсезонските тренинзи. За Лацио, 34-годишниот шпански напаѓач ќе потпише двегодишен договор како слободен играч без надомест. Тој постигна шест гола и седум асистенции минатата сезона, а претходно мина 14 сезони во Барселона и Челзи.
Шпанецот со тоа ќе стане само третиот фудбалер во историјата што ја напуштил Рома за Лацио. Серхио Петрели го стори истото во 1972 година, а Атилио Ферарис беше првиот во 1934 година што ја замени Рома како градски ривал.
Во спротивна насока досега има отидено само еден фудбалер, во 1958 година тоа беше Арне Селмосон.