Марко Асенсио е во нова авантура во својата кариера и не го продолжи договорот со Реал Мадрид, по што реши како слободен агент да му се приклучи на ПСЖ.
Проектот на парижаните му нуди важна улога во тимот кој ќе биде предводен од Луис Енрике, а Шпанецот веќе на подготвителните натпревари почна да го презентира својот потенцијал.
ПСЖ и Интер одиграа пријателски натпревар, па иако Италијанците беа тие кои се израдуваа на победа (2:1), за издвојување се и неколку потези на „светците“.
Витиња постигна спектакуларен гол од дистанца за водство на својот тим, но расположен за игра беше и Марко кој прикажа две дриблинг бравури на мал простор.
Асенсио најпрво му продаде „рулет“ на Лаутаро Мартинез во стилот на Зидан, а потоа во продолжение од акцијата понуди уште едно атрактивно додавање до свој соиграч.
https://twitter.com/Ikersumer20/status/1686333411097559040?s=20
https://twitter.com/AsensioRW/status/1686360555114692610?s=20